Турскиот актер Алп Навруз или во јавноста попознат како Синан од серијата „Ќерките на Фазилет“, реши да си даде време за одмор, но ниту на море папараците не го оставаат раат.
Тој е фотографиран на плажа заедно со актерката Хазал Филиз Кучукосе, која пак ја гледавме како Зејнеп во серијата „Карасевда“.
Фотографиите се појавија на социјалните мрежи, а додека за Хазал имаше само пофални коментари на сметка на изгледот, Алп доби критики дека се здебелил.
Од фотографиите може да се види дека Алп се опуштил кога се килограмите во прашање, а се гледа дека пуштил и стомак.
За потсетување, актерката Хазал Филиз минатата година се разведе по четири години брак, а каква им е релацијата со колегата Алп Навруз, засега е непознато.