Повозрасните често знаат да кажат дека кога си помлад ти врие во крвта, што веруваме повеќето ќе се сложите дека е така, иако позитивниот дух и ведрата енергија немаат никаква врска со годините.
Но, дека младата пејачка Ања Ветерова ги живее своите најубави години од младоста кои носат поголема храброст, е очигледно по нејзините храбри објави, мисли, дела…
Ања направи неколку кадри за да ја „сефтоса“ бикини сезоната, па позираше од секој агол, а приложеното го опиша вака:
„Удирам како торнадо, кога најмалку очекуваш!“- порачува Ања.
Инаку, таа пред речиси една година беше примена на престижниот музички колеџ „Беркли“, се пресели во Бостон и започна со изучување на пеење, компонирање и музичка продукција.
фото:инстграм/ањаветерова