Во скопскиот парк „Ибни Пајко“ на 26 јуни (среда) свој концертен настап ќе има Градскиот дувачки оркестар.
На програмата на оркестарот се најавени теми од „Abba“, потоа теми како „Feelings“, „Proud Mary“, „Strangers in the night“, „Final count down“, „Cant take my eyes“, „It don’t mean a thing“, „Brazil Samba“, „Girl from Ipanema“, „Bamboleo“ и „Maljiciki“.
Концертот е во организација на Младинскиот културен центар, со почеток од 20 часот.