Познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ доживеал сообраќајна несреќа што се случила на патот меѓу Младеновац и Топола.
Како што наведуваат медиумите во соседството, во овој судир било повредено младо дваесетгодишно девојче, кое било на совозачкото седиште.
Трифуновиќ ја загубил контролата над возилото и излетал од патот. Во таа прилика, девојката која била со него добила повреди. Таа е итно згрижена во Здравствениот дом кој бил најблизу, вели извор за српски Курир.
За потсетување, за време на претставата што Сергеј ја игра со Војо Брајовиќ, познатиот актер беше тажен поради наводите дека не се чувствува добро и дека ја моли публиката за разбирање, а мора да откаже неколку претстави.
фото: Петар Ѓорѓевиќ,АТА имиџис, Антнонио Ахел