Годинешната водителка на Евровизија и порнаешна девојка на актерот Леонардо Ди Каприо – манекенката Бар Рафаели, ќе стане мајка по третпат. Убавата вест Рафаели ја сподели на Инстаграм, а видеото за само неколку часа достигна скор 500 илјади прегледи и коментари.
Убавата манекенка и нејзиниот сопруг, бизнисменот Ади Езра, веќе имаат две ќерки, двегодишната Лив и едногодишната ќерка Ел, а полот на третото дете засега е непознат.
Нивната прва ќерка е родена во Тел Авив, а по една година Бар ја родила и втората ќерка.
Оваа русокоса убавица пред бракот беше во љубовна врска со популларниот холивудски актер Леонардо Ди Каприо за кој е познато дека досега бил со многу манекенки.
Бар во една прилика изјави дека семејството ѝ е сè на светот.
„Упс, повторно го направив тоа“, пишува Рафаели за видеото каде објавува дека е бремена.
Инаку, неодамна се појавија скандалозни информации дека Бар Рафаели и должи на државата голема сума поради затајувајње на данок.