На водителката на најгледаниот ТВ магазин „Бекстејџ“ и дожеже, па му ја здувна на море… во „Јужна“ Македонија! До душа повеќе беше испружена крај базенот отколку на брегот, ама сеедно… Уживање си е уживање. А, дали имало и пливање покрај сончањето, зошто (не) носи танга бикини, има ли добри мажи(ња) во нејзиниот видокруг, што чита, ашто пие на плажа… беа само некои од прашањата на кои Миа Костова имаше или немаше одговор.
„Живели, дека пред ова се’ , најважно е да се сакате самите себе. Онака, безобразно. И тогаш, се’ е како што вие сакате да биде“ – порачува (само)вљубената водителка, пред да ги дознаете прашањата што и ги поставија нејзините обожаватели преку Инстаграм и одговорите Миа.
На прашањето дали чита на плажа, Миа вели дека последното нешто што го прочитала во Скопје е од македонската писателка Ксениа Николова. Nа плажа Миа не чита, вели, „мајките знаат зошто?!“
Можеби мама Миа на плажа не чита зашто мора да внимава на синчето, ама затоа Миа на плажа пие шампањско… Чисто онака, во замена за омилено хоби!
А потоа, Андрија внимава на мама… да не претера… со пазењето на детето!
А дали има згодни мажи(ња) на плажа? Малку незгодно прашањето за Миа, зашто… Ама сепак, најде соломонски одговор. Таа што ја прашува, ја покани следниот викенд да одат заедно на плажа! Па некој(а), белким ќе се „омрси“!?
За костимот за капење, Миа тврди дека најдобро е кога бикините ти се распар… Освен ако спонзорот не ти платил да носиш комплетче. А нејзините… се’ уште се распар!
А зошто секогаш носи бикини со висок струк? Па затоа што има 1, 2 и 3…! Под 1: Неодговорна е со вежбањето; Под 2: Затоа што има родено; Под 3: Затоа што не изгледала онака, како што таа сака!
Има и такви кои прашуваат колку водителката ги зголемила градите? Ако таа се прашува… Пристојно – вели. Или во бројки: 375 – хај профајл! Затоа и одлично плива и никогаш не тоне!
А, дали Миа носи танга бикини? На прашањето – со прашање: „Итен е одговоров? Епа… И попладне ја бањам!“ – одговори водителката.
Супер! Единствено некако нејасен беше последниот одговор, кога рече: „И попладне ја бањам“, не разбравме штоа бања водителката? Само тангата или…? Ама ај, ако не е итен одговорот, нека остане за друг пат!