Тој е еден од најдобрите актери на светот. Многумина го ценат неговиот професионален ангажман, а на неколку децении долга кариера, дамка остави исповедта на куќната помошничка на Мајкл Даглас.
Таа се пожалила дека добила отказ кај актерот и сега работи како блогерка. Во своето кажување таа пишува дека тој мастурбирал пред нејзините очи.
-Ја отпуштив поради начинот на кој ја вршеше работата и тоа е тоа. Не знам од каде ова доаѓа. Секогаш сум бил горд на својата репутација и актерска кариера. Сега моите деца се преплашени како ќе ги етикетираат дека татко им е сексуален предатор, се жали актерот.
Куќната помошничка нагласува дека додека се самозадоволувал Даглас изговарал перверзии, а подоцна од незадоволство ја оцрнил за никогаш повторно да не добие работа.