Пејачот Мирослав Илиќ веќе долго време избегнува да оди на ДНК-тест за докажување на татковството над неговиот непризнат син Девин од несудената сопруга.
Затоа поранешната љубов на пејачот Мирјана Антоновиќ одлучи да открие сè за нивната врска, па му напиша отворено писмо во јавноста и го објави во српските портали.
„Велиш се чувствуваш непријатно и поради тоа не тужиш за прогон? Дали, Мирослав, некогаш си се запрашал како синти се чувствува заради твоето очајно однесување?“ – вели Мирјана Антоновиќ на почетокот на обраќањето до Мирослав Илиќ.
– Дали некогаш си ги избришал солзите на Девин кога плачеше? Срамно е. Ја тужиш неговата мајка, и ја нарекуваш психопат. Мајка која молчи со години и си го подигна синот. Дури и кога ја дозна вистината, му говорев се’ најдобро за тебе. Овој “психопат”, сепак, извади двајца лекари на пат. Дали треба така да се третира жена која го негувала своето и твоето дете без никаква помош? Се расфрлаше со пари и се фалеше дека на твојот зет си му купил часовник од 15.000 евра, а на Девин не си му купил ниту јаболко. Дали си живо суштество или полнета кукла? Животните имаат понормално однесување и чувства. Дали имаш трошка совеста, морал и срам?
Дали навистина си толку кукавица што не можеш да удриш со рака и да му речеш на светот: “Девин ми е син и јас сум горд на него”?. Девин го заслужи тоа. Не е доволно само да се родиш машко. Вистинските мажи ваков циркус никогаш нема да си дозволат. Тие ќе ја признаат вистината, па што и да е? Твојот син е твоја крв, твоите корени. А, крвта не е вода. Порано беше друг човек. Тврдеше дека неизмерно нè сакаш. Невозможно е тој Мирослав да биде целосно избришан и толку голема љубов исчезна целосно во него.
Мирослав, ти го држеше твоето дете во рацете, си играше со него, му го закачи крстот околу вратот за да го чува во живот. Што е сега? На крајот излезе дека твоето дете мора да се чува од тебе. Нашата борба е праведна и мора да победиме, без разлика дали во Србија или преку Меѓународниот трибунал, без оглед на сите ваши манипулации. Нема да ме исплашиш, нема да ме исцрпиш. Ако вашата желба е да измислите дупки во законот и да тужите до крајот на твојот живот, ОК – ќе се тужиме. Дали си свесен дека имам една голема предност. Имам големо богатство кое можеше да го имаш, но го одби тој благослов. Го плукаш Бога в лице. Ова богатство е твојот син Девин, и ти благодарам за тоа. Тој е вистинскиот Божји благослов, не само за мене туку и за многумина. Не ти вредат сите оние прекрасни песни што ги пееше, бидејќи тој Мирослав живее само во песните.
Јас секогаш наоѓав оправдување за тебе и ти простив, но не и кога ти одлучи да му наштетиш на нашиот син. Мојот совет е да ги спуштиш роговите и да ја потиснеш гордоста.
– Ќе добиеш уште една шанса на суд. Гушни го синот кога ќе го видиш. Најпрвин побарај прошка од него, потоа од сите што ти поверуваа, а особено од твоите од Мрчајевци, бидејќи ги засрами. Еден пријател неодамна ми рече: “Она што Мирослав те тужи за прогонство е исто како кога крадец те ограбува, ти се браниш на суд, а тој контра те тужи за прогонство“. Тоа е смешно, нели? – заклучува таа.