Радио Милева

Еве зошто принцот Хари сакаше да ја замолчи сопругата Меган Маркл на балконот од Бекингамската палата

Еве зошто принцот Хари сакаше да ја замолчи сопругата Меган Маркл на балконот од Бекингамската палата

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, сè уште не може да се навикне да живее во британското кралско семејство, па посебните правила веројатно се тешки за неа.

Се уште се зборува за видеото од балконот на Бакингемската палата каде изгледа војвотката Меган како да секој момент ќе заплаче откако сопругот Хари се обиде да ја замолчи.

Сега има снимка што точно објаснува што се случило.

Имено, Хари разговараше со некој што беше зад него. Меган се сврте неколку пати и му рече на сопругот нешто, а тој пак се обидуваше да го задржи лицето неутрално.

Сето тоа се случи неколку секунди пред да се заврши химната, така што Хари на Меган и кажал дека мора да се сврти бидејќи химната не завршила, објави “Дејли мејл”.

Бидејќи таа не секогаш се занимава со протоколот, нејзиниот сопруг често дискретно и дава упатства како да се однесуваат.

To top