Популарната српска пејачка Рада Манојловиќ важи за една од најзгодните меѓу своите колешки, а на тоа во прилог оди и нејзината витка линија која не се менува со години.
Многумина коментираат дека за Рада времето како да стои и дека секоја година изгледа се подобро и подобро.
По убедување од повеќемина, Рада како многу славни личности од светот одлучила да ги осигура долгите нозе. Тие се нејзиниот најсилен адут покрај гласот.
-Сите и зборуваа да го направи тоа, па неодамна го направи во една швајцарска осигурителна куќа. Во прашање е огромна сума на пари, но не сакаше да зборува за цифрата, вели добро известен извор.
Сугестијата да ги осигура нозете веројатно е прифатена, но не и да ги зголеми градите, затоа пак е една од ретките која остана без силикони.