Радио Милева ништо не е невозможно

Антонија Блаќе: Од собирачка на чаши, до учесник и водителка на „Големиот брат“

Антонија Блаќе: Од собирачка на чаши, до учесник и водителка на „Големиот брат“

„На првата забава која го означи почетокот на ТВ каналот во 2004 година јас бев таму, но не како учесник во Големиот брат, а уште помалку како презентер или продуцент, туку ја правев најважната работа таа ноќ – собирав чаши… И тоа никогаш нема да го заборавам. Погледнав од зад шанкот кон големите ѕвезди, и ниту на крај памет не ми беше дека и јас еден ден ќе стојам со нив на сцената.

Но, само неколку месеци потоа се прјавив за Големиот брат. Тие тогаш ми кажа дека дури и не сум бил во првите 12, туку резерва, но  среќата ми се насмевна, зашто некој се откажа, па така влетав и… Затоа ако некој некогаш вели: Невозможно е, не е така. Можно е“ – пишува презентерката на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм!

Антонија Блаќе во Хрватска беше многу популарна по нејзиното учество во реалното шоу „Големиот брат“ во 2003 година, па ја ангажираа шест години подоцна да го води споменатото шоу.

Во 2015 е повторно на истата сцена како водител на шоуто и во Србија, а беше домаќинка и на  “X фактор”, заедно со актерот Александар Радојчиќ.

Денес повторно е ангажирана во Хрватска како водителка, но исто така и како продуцент.

To top