Во најновото издание на емисијата „Премиера –Викенд специјал“ се појави младата пејачка и ќерка на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, која проговори за албумот кој го подготвува, но и за животот со момчето Ѓорѓе на новата адреса.
Имено, Анастасија признава дека летово работи на албумот, но можеби ќе најде малку време и за одмор.
-Тоа ми е приоритет број еден, но сакам да фатам некоја кривина и да отпатувам со драги луѓе. Се надевам на хаос на естрадата, ако овие две песни направија нешто големо, верувам дека и со албумот ќе биде така. Дефинитивно е голема одговорност, имав трема за првите две песни дали едната ќе ја надмине другата, но и двете поминаа перфектно, вели Анастасија.
Она што привлече внимание во јавноста, е тоа што Анастасија започна заеднички живот со момчето Ѓорѓе Куљиќ, а сега признава дека ништо не се променило.
-Сите велат дека кога ќе се осамостоиш, се’ се менува, но за мене ништо, не сум толку далеку од дома, и се уште поминувам време со семејството, вели младата пејачка.