Музичките талент шоуа во регионот се пред самиот крај, осносно финалето од кое ќе бидат прогласени победниците.
Едно од таквите популарни шоуа каде имаме наша кандидатка, е и хрватското талент шоу „Ѕвезди – летен хит“. Станува збор за младата, талентирана и надежна ѕвезда Лина Пејовска која успеа да се пласира во супер финале.
Како и претходните одлични претставувања, таа и овој пат блирилираше на сцената на заеднички настап со популарниот пејач Петар Грашо. Тие заедно ја изведоа песната „ I don’t want to talk about it“ , а видеото од настапот Лина гордо го објави на својот Инстаграм профил и напиша:
View this post on Instagram
Никогаш во животот не би помислила дека еден ден сцената ќе ја делам со еден од најдобрите и највпечатливите вокали на Балканот. Ова е доказ дека ако не се откажуваш од целта што си ја замислил и ако даваш се од себе, ќе ти се врати дупло и ќе им докажеш на сите што не ве верувале во тебе!
Една од моите најубави песни.. “I don’t want to talk about it” ја испеав со Петар Грашо , а од сега достапна и на мојот YouTube канал.
Се гледаме наредна сабота во супер финале! Уште многу многу изненадувања ве очекуваат, порачува Лина Пејовска.
Инаку, супер финалето на „Ѕвезди-летен хит“ е закажано за неделава, односно на 21-јуни, а дали ќе однесеме уште една победа останува да видиме и стискаме палци за убавата и талентирана Лина.
фото/видео:јутјуб/линапејовска/ѕвезди-летенхит