Столе Димитриевски, македонскиот репрезентативен голман беше играч на натпреварот на последниот меч на нашата фудбалска репрезентација, кој за жал го загубивме дома со 1:4 од Австрија. Сепак, по бравурозните одбрани, но и одличната сезона како чувар на мрежата на шпанскиот Рајо Ваљекано, Димитриевски доби куп понуди за трансфер.
Сега Столе сите го сакаат… и Руси и Шпанци… И рускиот Сочи и шпанските прволигаши Валенсија и Еспањол… А и Рајо Ваљекано кој знае дали ќе го пушти, без да сака да инкасира добра пара за него. Како и да е, Столе сите го сакаат, ама тој сака само… една! И не се дели од… НЕА! Неговата Лори!
Неговата шпанска девојка со која Столе е веќе подолго време во љубовна врска. А таа е тука и да го теши кога му е тешко, да му даде самодоверба кога не му оди, ама и да ги сподели успесите, моментите на радост и среќа и по победите и оние од нивниот приватен живот.
Очигледно шпанската убавица Лори знае како да го врати Столе во врвна форма… и спортска и животна!
Впрочем, малку девојки умеат својата магија да ја употребат за да го претворат животот во волшебство. Заедничко, секако!
Шармантна и привлечна русокоса со симпатична насмевка која освојува на прва, срцето на Столе чука само за неа… за убавата Лори.
Затоа и тешко е да се поверува дека Столе ќе ја напушти Шпанија. За Лори и да не правиме муабет! И ако треба да избира, многу веројатно дека одново ќе избере некој шпански клуб… и неа, со него!
Во моментов Столе сите го сакаат… Ама тој сака само една личност… убавата и шармантна Лори Фрајз!