Неџад Рамиќ, братот на пејачката Сека Алексиќ е уапсен поради сомнеж дека го вознемирувал сопственикот на слаткарница во Стар Пазар.
Наводно, Неџад барал од сопственикот да му исплати 2000 евра.
„Пред некое време, Неџад дојде во локалот и му бараше да му исплати 2000 евра. Бидејќи човекот не знаеше за што станува збор и за каква исплата зборува му кажа да си оди. Меѓутоа, братот на пејачката продолжи да доаѓа. Почна да станува безобразен и груб, да се заканува“ вели извор и додава:
„Последен пат упадна во слаткарницата и му се закани на сопственикот: „Ќе ми ги дадеш парите или ќе те сместам во „земунци“. Се однесуваше многу безобразно, како оние кои во текот на 90тите години ги вознимируваа граѓаните во Србија“ вели изворот.
Како што вели тој, сопственикот на слаткарницата не сакал да му даде пари и побарал помош од полиција.
„Отиде во станица и се раскажа. По советите на полиција, сопственикот на слаткарницата на Неџад му кажа дека парите ќе му ги исплати на рати и му закажа состанок за да му ја исплати првата рата од 500 евра. Полицијата ги обележа тие пари и откако жртвата му ги даде парите, се појави полицијата и го уапси братот на пејачката“ вели добро известен извор.
Граѓаните на Нов Пазар велат дека Неџад сака многу безобразно да се понаша и предизвикува страв кај другите.