Синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ неодамна заплива во музичките води и полека, но сигурно “гази“ на сцената.
Неодамна медиумите го поврзуваа со српската пејачка Милица Павловиќ истакнувајќи дека меѓу парот има нешто.
Стефан и Милица ги демантираа овие пишувања, нагласувајќи дека се само добри пријатели.
Меѓутоа, сега српскиот портал „Блиц“ објави фотографии од Милица и Стефан во еден ресторан.
Тие во ресторанот пристигнале со автомобилот на Стефан кој се однесувал како џентламент кон пејачката.
„Стефан кон Милица се однесуваше многу џентламентски и во ресторанот пристигнаа со неговиот автомобил. Се насмеа еден на друг, потоа застанаа на влезот од ресторанот и нешто се договараа. Во секој случај, навистина се убав пар, двајцата се згодни, убави, млади“ вели извор за „Блиц“ кој се нашол на лице место.
Дали меѓу нив навистина има нешто и дали Павловиќ ќе биде нова снаа на Брена, ќе покаже времето.