На почетокот од 2 000 година популарни беа сплавовите, а таму најчесто настапуваше популарната пејачка Данијела Враниќ.
Данијела знаеше како да ја заинтегрира јавноста со своите изјави, но и со скандалите во жолтиот печат.
Во 2011 година како бомба одекна веста дека Враниќ е уапсена поради возење во алкохолизирана состојба и дека физички нападнала служебно лице.
Пејачката потполно се повлече од музичката сцена, а сега открија која е причината поради која ја нема во естрадните води:
„Се повлеков од медиумите бидејќи ми досади таков начин на живот. Многу работев, го менував денот за ноќ, тоа влијаеше на моето здравје. Проблемите со штитната жлезда е исто така причина поради која престанав да пеам. Поради здравствените проблеми се здебелив, меѓутоа, сега моето здравје е стабилно. Редовно одам на контроли и ги слушам докторите“ вели пејачката.
Данијела вели дека започнала да се занимава со бизнис со недвижности.