Радио Милева спортски патриот

Џокси им го плесна в лице… шалчето: Секој ден не е Велигден, ама и за секого Македонија не е северна!

Џокси им го плесна в лице… шалчето: Секој ден не е Велигден, ама и за секого Македонија не е северна!

Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе пораз дома од Австрија… Можеби играта и залагањето на фудбалерите не беше на потребното ниво, ама затоа атмосверата и патриотизмот на националната арена (Филип ли е, Тоше ли е?) беа повеќе од завидни. Десетилјадната публика со громогласно навивање и разни навивачки транспаренти ги бодреше нашите фудбалери.

А, во публиката меѓу сите навивачи, обични и необични луѓе, познати и непознати лица, меѓу јавните фаци и тоталните анонимуси и тој… Џина Папас – Џокси! Или Ѓорѓе Васиќ, како што му е вистинското име и презиме.

И тоа како еден од најверните навивачи на трибините. Башка со навивачки реквизит во рацете – широко раширено шалче на кое е извезано сонцето од Кутлеш и исконското име на оваа земја – Македонија!

Можеби Македонија овој пат не победи на теренот, ама затоа повторно триумфираше патриотизмот на трибините. Џокси најдобро го покажа тоа, постирајќи ја фотографијата со посочениот реквизит на својот Фејсбук профил, а покрај неа иронично напишал:  „Немаше шалчиња со Северна, јбг.“!

Можеби секој ден не е Велигден, ама и за секого Македонија не е  – северна!

 

To top