Радио Милева

Има на што да биде „Proud“: Тамара Тодевска доби уште едно признание на „Евровизија“

Има на што да биде „Proud“: Тамара Тодевска доби уште едно признание на „Евровизија“

Оваа година „Избор за песна на Евровизија“ се одржа во Тел Авив, Израел.

Нашата држава ја претстави Тамара Тодевска со песната „Proud“ која со својот моќен вокал растури на европската сцена.

Имено, по гласењето на жирито, Тамара го освои првото место, а по гласовите на публика го освои седмото место.

Меѓутоа, Тамара доби уште едно признание односно е прогласена за најдобар женски вокал.

фото: Инстаграм/тамаратодевска

Вкупно 23,3 отсто од гласачите за најдобар женски вокал и го дале својот глас на македонската претставничка Тамара Тодевска.

Со овие радосни вести се пофали и самата пејачка на својот „Инстаграм“ преку кој се заблагодари на сите кои гласале за неа.

фото: Принтскрин/инстаграм/тамаратодевска

Неодамна во ендо интервју Тодевска истакна дека досегашната нејзина кариера била само генерална проба, односно дека допрва доаѓа нејзиното време.

фото: тањуг/ап

Тамара најави дека подготвува нова песна, а до крајот на годината планира да издаде и нов албум.

Ова е прва ваква награда за нашата држава. Зад Тамара се Кејт Милер-Хајтке од Австралија и Тамта од Кипар.

За потсетување, Тамара го постигна најдобриот резултат досега на Евровизија.

To top