Нина Бадриќ на социјалните мрежи објави фотографија во бел фустан пред црква, па предизвика лавина од коментари бидејќи некои од следбениците помислија дека се омажила.
Во бел фустан, Бадриќ потсетува на невеста, а покрај неа се младоженецот и неколку фоторепортери.
Пејачката во описот на фотографијата напиша: „Моета хрватска свадба“.
Под објавата се нижеа честитки.
Меѓутоа, станува збор за снимање на видео записот на новата песна на Бадриќ која наскоро ќе биде екранизирана.
За потсетување, пред неколку месеци Бадриќ ја раскина свршувачката со нејзиното момче.