Во Скопје задутре, 13 јуни 2019 г. во организација на „Баги комуникации“ ќе бидат промовирани новиот албум и книга на српскиот рок-бенд „Ван Гог“.
Неодамна групата го издаде својот нов, десетти по ред студиски албум „Море без обала“, кој македонската публика веќе имаше можност да го преслуша. Деновиве светлото на денот го здогледа и ексклузивниот транспарентен син винил од истиот албум, а истовремено од печат излезе и книгата чиј автор е лидерот на бендот Звонимир Ѓукиќ – Ѓуле.
„Возбудени сме што доаѓаме повторно во Скопје и со нетрпение ја очекуваме средбата со медиумите и со нашите фанови“- вели Ѓуле. Во Македонија секогаш сме имале незаборавни настапи! Не случајно и промоцијата ја правиме меѓу првите во регионот.