Радио Милева

Беше наменета за Цеца, но ја отпеа Индира: Песната со најтажен текст, всушност е потресна вистинска приказна! (ФОТО)

Беше наменета за Цеца, но ја отпеа Индира: Песната со најтажен текст, всушност е потресна вистинска приказна! (ФОТО)

Фолк хитот “Змеј”, кој некогаш го пееше Индира Радиќ, крие во себе една навистина потреснана животна приказна која ќе ги стопи и  “најкамените срца”.

Зад зборовите на оваа песна  се крие тажната животна приказна на двајца млади луѓе, која завршила трагично. Таа е толку моќна, што дури некои сакааа да ја преточат во сценарио  и филмувани на екранот.

Индира ја испеала на многу емотивен начин, бидејќи го знаела потеклото на нејзините стихови и  кога ја слушате, чувствувате дека е испеана од длабочините на нејзината душа, и со целото нејзино срце. Вистинската приказна која е преточена во текстот на оваа песна создаде евергрин за сите времиња.

Момчето и девојката од песната биле заедно уште од средно училиште. Десет годишната љубов резултирала со закажување свадба. Девојката тогаш ненадејно дознала дека има рак на панкреасот во напредна фаза.
Венчавката била откажана, а таа му напишала писмо на момчето во болница ( содржано од збор до збор во оваа песна) и побарала од него да го прочита дури кога таа ќе умре. Меѓутоа, тој истата вечер се напил од тага и го отворил писмото. Утрото, кога дошол во болница, таа веќе била почината.

Момчето го чувало писмото цели 15 години кај себе, а потоа одлучил да и го предаде на текстописецот Марина Туцаковиќ. Песната била најпрвин наменета да ја отпее Цеца Ражњатовиќ, меѓутоа подоцна, песната „Змеј“ сепак беше испеана од Индира Радиќ.

Слушнете ги потресните, емотивни стихови муште еднаш.

To top