Иако летото официјално се уште не пристигнало, времето надвор знае да ја достигне висока температура и да биде топло.
Така, многу јавни личности веќе ја отворија летната сезона, па некои го искористија топлото време за да се соблечат во бикини и да се разладат.
Некои од нив го искориситја топлото време и неработените денови за да спојат за викенд и заминат надвор од Македонија или пак некаде во нашите краиште.
Водителката Јелена Спенџарска овој викенд го искористи да одмара во еден скопски хотел и да се разлади на топлото време.
Имено, Спенџарска го искористи неделното попладне за да ужива во базенот на еден скопски хотел, а друштво и правеше една нејзина другарка.
Имено, Спенџарска на својот „Инстаграм“ објави и фотографии од неделното уживање, па нема сомнеж дека водителката максимално го искористила слободното време.
Веруваме дека Јелена ги наполнила батериите за новата работна недела и дека се вратила на работните обврски со полна пареа.