Кралицата Елизабета вчера го прослави својот 93 роденден. По тој повод, во Лондон беше организирана парада.
На познатиот балкон првпат се појави принцот Луи, но и Меган Маркл која првпат се појави во јавност по раѓањето на синот Арчи.
Кралицата Елизабета е родена на 21 април, но секоја втора сабота во јуни официјално го слави својот роденден.
За таа прилика, во чест на кралицата се одржува парада на која учествуваат 1400 војници, 400 изведувачи и 200 коњи.
Членовите на семејството излегуваат на балконот од каде ги следат авионите, а овој пат за првпат на балконот се појави синот на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.
Првпат во јавност по породувањето се појави и сопругата на принцот Хари, Меган Маркл.
По породувањето, Меган најголемиот дел од времето го поминуваше во домот каде што живее со Хари.
Вака изгледа Меган еден месец по породувањето.