Во петок вечер се одржа полуфиналето на „Пинкови ѕвездички – аll stars“.
Во полуфиналето настапи и македонската претставничка Антониа Гиговска која се претстави со песната „Je t’aime“.
Жирито и публиката беа воодушевени од нејзината изведба. Меѓутоа, Антониа доживеа мала незгодна односно падна на сцената, но стана и продолжи професионално да пее.
Антониа за „Женски магазин“ го прокоментира паѓањето на сцената.
„Супер сум, иако не очекував дека тоа ќе се случи. Среќна сум што паднав. За секое падни, има и стани. Како во животот, така и во кариерата“, изјави Антониа за Женски магазин.
„Паднав бидејќи тргнав наназад. Среќа е што паднав врз играчите и не се повредив. Благодарам на танчерката која исто така беше професионална и продолжи да игра како ништо да не се случило. Да паднев на сцената сигурно ќе се повредев“ вели Антониа за „Блиц“.
Гиговска успеа да се пласира во финалето, а како ќе изгледа нејзиниот настап останува да видиме.
За потсетување, Антониа и беше придружен вокал на Тамара Тодевска на „Евровизија“.
https://youtu.be/qRELtiFoIi8