Ќерката на Шабан Шаулиќ, Илда Шаулиќ деновиве го имаше првиот настап по смртта на нејзиниот татко, а сега откри што и се случило пред да започне да пее.
„Луѓето кои ме најавија ги замолија присутните за една минута молчење да одадат почит на мојот татко, а тоа за мене беше потресно и емотивно. На мое место, многумина би излегле од салата, но некако собрав сили да им се заблагодарам и да го направам тоа за кое бев дојдена. И мојот татко имаше тешки ситуации во кои мораше да пее и секогаш се однесуваше професионално“ вели пејачката и додава:
„Само еднаш се случи да пуштат негова песна на радио и тогаш тој момент го земав за себе и го доживеав многу емотивно. Ќе ги слушам неговите песни во иднина, но со различна нота“ вел Шаулиќ.
За потсетување, Шабан почина во сообраќајна несреќа во Германија.