Радио Милева

Прогласен најлошиот изглед на Евровизија 2019 година, а меѓу неуспешните избори и фустанот на Тамара од Ношпал

Прогласен најлошиот изглед на Евровизија 2019 година, а меѓу неуспешните избори и фустанот на Тамара од Ношпал

Конан Осирис од Португалија го пропушти големото финале на Евровизија, но затоа сепак ќе има некоја награда да однесе дома. Конан е победникот на „Барбара Декс“, наградата за најлош изглед на Евровизија.

Кипар и Белорусија се на второто односно третото место.

Ова е вторпат Португалија да ја освои оваа титула за најлошо облечен претставник, во 2006 година тоа им се случи на групата „Нонстоп“.

По повеќе од 4000 гласови, Конан беше на врвот, потоа Тамта од Кипар, Зена од Белорусија на трето место, Елиот и Белгија по нив, и на петтото место Тамара Тодевска со смарагдната тоалета – дизајн на Александар Ношпал.

фото:инсатграм/тамаратодевска

Наградата „Барбара Декс“ е именувана по белгиската претставничка од 1993 година.

За потсетување, оваа награда минатата година и припадна на Марија од „Ај Кју“ која деновиве го продава костимот на Е-беј за 5000 долари, по што наиде на лавина критики на социјалните мрежи.

 

To top