Иако во медиумите се обидуваат да се претстават во најдобро светло, многу работи за пејачите откриваат и нивните колеги кои се добро упатени за она што се случува зад камерите.
Поради тоа за Ана Бекута кружел глас дека е безобрана, а дека се променила кога го запознала Милутин Мркоњиќ.
„Немав човек кој толку сака кафана, живот и ги сака моите колеги. Тој тоа го покажа од самиот почеток. Ги почитува моите луѓе, јас секогаш сум иста и не мислам дека Милутин не променил“ вели Бекута за Курир и додава:
„Можеби на некој сум звучела безобразно, но тоа можеби бил некој момент. Кога ќе дојдам дома од патување, потребни ми се два дена да се растертирам. И тоа малку време ми останува за семејството. Надвор од тоа ретко имам прилика да се дружам со колегите, освен на турниите, но тоа беше многу далеку“ вели Бекута.