Поп ѕвездата и членка на жирито „Пинк ѕвездички- all stars“, Наташа Беквалац важи за една од најбараните и најатрактивните пејачки во Србија.
Познато е дека на настапи убавата новосадска барбика секогаш е полно и со своите хитови и енергија, атмосферата секогаш е до плафон. Но, овој пат таа направи нешто неочекувано – се раскомоти пред сите и продолжи да пее ни помалку ни повеќе, туку боса.
Дали веќе не можела да издржи на високите потпетици и ја болеле нозете, не сподели која е причината, но тоа и не беше потребно бидејќи сите одлично си поминале.
Сепак, се појавија и некои коментари дека една дама како Ната не може да си дозволи да биде боса пред публика.
фото:инстаграм/дандрони