Македонскиот моден фотографи режисер Зоран Зонде Стојановски, познат по своите модни филмски мини едиторијали со познати македонки, кои содржат еротки компоненти годинава е номиниран за еден виид „моден филмски оскар“.
Имено, тој со неговиот мини моден филм „Out of Sync“ во кој провејува уметничката нота проткаена со блага доза на еротија, а како музичка тема е искористена нашата евровизиска тема „Proud“ на Тамара, е номиниран во 4 категории на годинешниве меѓународните модни филмски награди „IFFAS“: Најдобра камера, најдобра музичка тема, најдобра мода и најдобра музичка продукција. Во кусото модно видео двата лика ги толкуваат Сара Лазареска и Дора Китановиќ.
„Out of Sync“ е краток моден филм во кој е претставено како повеќето од нас не секогаш дејствуваат според нашите свесни мисли и како нашите несвесни сили го потикнуваат нашето однесување. Вклучувајќи ги нашите навики кои доаѓаат од животот вклучен на автопилот, кој ги исклучува нашите (ре)акции од она што навистина го сакаме.
Ако не можете да го видите во вашата реалност, никој не може да ве спречи да го гледате во вашиот ум. И ако може да го видите вашиот ум, најверојатно, ќе го видите во реалноста.
Преку уметнички и модерен начин, попрскан со љубов и убавина, би сакал да ја испратам оваа порака и да ги инспирирам другите“ – вели авторот.