Преслава ги шокираше своите обожаватели откако таа се појави со целосно изменета визија. Последната фотографија на пејачката целосно потврдува дека легнала под нож. Омилената пејачка на „Пајнер“ продукција има сосема нов нос.
Промената е толку драстична што некои фанови се прашуваат дали е тоа таа. Гледајќи ја во профил, новата крива, нема никаква врска со поранешниот малку „грбав нос“, што може да се види на фотографијата.
“Дали сте тоа вие, изгледате како Галена?”, “Кога го направивте тоа?”, “Ти си? Многу си различна!”. Ова се само неколку од прашањата што пејачкатат веднаш и беа поставени на нејзиниот профил на Фејсбук. Веќе во март се појавија гласини дека фолкерката правела ринопластика, но таа не ги потврди гласините.
Но, новите фотографии говорат сами за себе. Пејачката сè уште официјално не зборува за операцијата. Не е јасно дали ова е причината зошто таа не се појавува веќе неколку недели, иако на фотографиите изгледа како да е во топ форма.
Ова не е прв зафат на пејачката. Уште во 2014 година, таа првпат го „пресече“ носот. На почетокот на кариерата, тој не се издвојуваше заради нејзините огромни гради и вишокот килограми. По губењето на тежината и намалувањето на градниот кош, Преслава беше присилена да го скастри носот. Корекцијата беше блага и едвај забележлива. Овој пат, сепак естетскиот зафат паѓа в очи.
Извор: Бугарија денес/ Хот њуз.бг