Вики Миљковиќ која е дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“ каде е ментор на многу кандидати, го користи студиото на својата кума Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Потсетувајќи се на своето детство, Вики откри детали за нејзината кума.
„Нашето кумство трае од кога бевме мали. Ние двете се договоривме уште тогаш бидејќи се дружеа и нашите родители. Мојот татко и нејзината мајка студираа заедно педагошка академија во Приштина и така се започна“ вели Вики за Скандал и додава:
„Не се сеќавам кога се запознаваме, но знам дека бевме многу мали“.
Миљковиќ открива која е првото сеќавање што го има со Ражнатовиќ.
„Прво сеќавање за неа ми е кога заедно одевме на концерт од Брена во салата „Чаир“ вели Ражантовиќ.
Таа изјави и дека тогаш сонувале за голема сцената
„Ја гледавме Брена и си фантазиравме: „Е кога и ние би биле вака некој ден“.