Кинси Волански преку ноќ се здоби со неверојатна популарност по втрчувањето на теренот во текот на финалето од Лигата на шампиони, на натпреварот помеѓу Ливерпул и Тотенхем.
„Тоа го направив се со цел да пробам нешто ново, го сакам тоа чувство кога адреналинот ми струи низ вените. Никогаш неможев да замислам дека ќе добијам толку пораки за поддршка и сето ова ми е неверојатно, се уште сум многу возбудена“ – вели 22-годишната девојка.
Како што пишуваат британските медиуми, таа се појави на теренот во боди на кое беше испишано: „Vitaly Uncensored“, што впрочем го рекламирала порно – сајтот чиј сопственик е нејзното момче, кој бил организатор на целата идеја, по што заработиле околу 3.4 милиони евра!