Во 2017 година се случија доста бракови на македонската естрада, а со почетокот на Новата 2018 година прва која се пофали со свршенички прстен на раката е фолк пејачката и ќерка на Наум Петрески, Анастасија.
Таа за време на празниците заедно со својот сакан, пејачот на групата „Биоритам“, Владимир, замина за Бугарија каде Анастасија го дочека најголемото изненадување од својот сакан.
Вчера од нашите содржини можевте да прочитате дека Анастасија „рипна во тавче“, а откако тоа осамна во јавност, пејачката се фрли на објавување нови фотографии од љубовното зимување во Бугарија.
Дека вечерта по свршувачката им била жешка и незаборавна, сведочат фотографиите на кои Анастасија се разладува во хотелскиот базен, а под меурчињата од водата го откри својот раскош по кој е позната.
Дека деновиве на среќата и нема крај, говори и лицето на идната невеста која задоволна и исполнета со љубов, ги ужива најубавите и најромантичните моменти во животот.
Кога официјално Владимир ќе ја побара и пред семејството, останува да видиме…