Радио Милева

Снежана Ѓуришиќ првпат проговори за љубовната афера на своето момче

Снежана Ѓуришиќ првпат проговори за љубовната афера на своето момче

Популарната српска пејачка на народна музика и членка на продукцијата во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Снежана Ѓуришиќ, веќе со недели е главна тема во српските медиуми поради наводната љубовна афера на нејзиниот партнер Вања Милошевиќ.

Пејачката за српски „Блиц“ реши за првпат да проговори за тоа, а на прашањето дали допишувањето на нејзиниот сакан со друга жена ја разниша нивната врска, таа вели:

-Секако дека не. Еднствено на љубовта која е вистинска не може ништо слично да ја разниша.
Пејачката ги демантира пишувањата дека таа и нејзиниот партнер раскинале.

фото:инсатграм/снежанаѓуришиќ

-Секој нека го носи својот крст на грбот. Што се однесува на Вања и мене, ние сме заедно и никогаш не сме прекинале, тврди Снежана.

На гласините дека преписките на Вања му се подметанати и дека не станува збор за неговиот профил на Фејсбук, таа одговара:

-Не би коментирала, Вања е човек кој е сериозен и кој има професија и целото тоа оди по свој тек и како Бог кажал, вели пејачката која при доаѓањето на снимање на „Ѕвездите на Гранд“ не се поздравила со Марија Шерифовиќ, по што ја прашаа дали се скарани?

-Добро е. Никој не е скаран. Марија е мое дете, каква кавга, вели Ѓуришиќ за крај на разговорот.

To top