Радио Милева

Има ли тука принц? Хари меѓу обичните „смртници“ на комерцијален лет кон Лондон (фото)

Има ли тука принц? Хари меѓу обичните „смртници“ на комерцијален лет кон Лондон (фото)

Принцот Хари се враќал  од добротворниот поло натпревар во Рим и патувал со комерцијален лет кон Лондон.

-Ми се чинеше дека човекот што седеше близу мене е принцот Хари. Забележав дека изгледаше уморно и имаше бума на раката. Се чинеше дека човекот што седи покрај него личи  на телохранител. Кога погледнав малку подобро, сфатив дека тоа всушност е тој – вели патничката.

– Седеше во прва класа, а пред излегувањето, иако видливо уморен, тој им се заблагодари на пилотот, копилотот и стјуардесата кои  постојано се грижеа за неговите потреби.

И  мене ме  поздрави кога сфати дека го препознав, и не можев да се задржам тајно да направам фотографија – напиша членката на туристичкиот форум.

фото извор:дејли мејл

To top