Радио Милева

Се омажи внуката на Грејс Кели, а со невестинскиот изглед ги воодушеви сите (фото)

Се омажи внуката на Грејс Кели, а со невестинскиот изглед ги воодушеви сите (фото)

Внуката на Грејс Кели, Шарлот Казираги(32) се омажи за Димитриј Расим во Кнежевската палата во Монако, на истото место каде се венчаваше и нејзината баба.

Двојката склучи граѓански брак, две години по почетокот на врската и година по свршувачката. Церемонијата помина во интимна атмосфета и свечен ручек, а интересен е фактот дека традицијата на семејството наложува првин да се склучи граѓански, а потоа црковен брак.

Традицијата ја испочитуваа принцезата и актерка Грејс Кели и принцот Реније III, кои на ден по граѓанската венчавка во црква го кажаа „судбоносното „да“, а потоа славеа во палатата.

Интересно е тоа што Шарлот на својата венчавка го носеше ѓерданот на баба си Грејс.

фото:инсатграм

Потсетуваме, наследничката на Грејс Кели од претходната врска има  петгодишен син Рафаел, а Расим пред врската со Шарлот доби ќерка.

To top