Драган Стојковиќ Босанац, композитор, аранжер, хармоникаш и член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, имаше операција на срцето пред помалку од еден месец.
-Го гледам постојано, кога и да го шетам кучето во маало. Порано ретко со среќавав, речиси никогаш. Не беше дома, многу работеше, често беше на службено патување… Меѓутоа, откако се оперираше, целосно ги промени животните навики, вели за српски „Ало“ сосетката на Босанац и додава:
-Сега со сопругата често шета по ручек, во доцните попладневни часови. Оди со ситни чекори, веројатно не смее да се заморува, така што слушнав дека му кажале лекарите. Велат дека и морал да ослабне и дека го променил режимот на исхрана. Зборуваат дека повеќе не пие алкохол. Не знам што од тоа е вистина, но изгледа операцијат нималку не беше наивна, вели сосетката која сепак не сакала да се претстави. Вели, не би сакала Босанац да и забележи што зборува за него.
Како што уште открива, ќерката на Босанац, пејачката Александра Џиџа Стојковиќ, се отселила од куќата на родеителите пред една година, но откако нејзиниот татко се оперираше, постојано доаѓа да ги посети.