Илда Шаулиќ за првпат се огласи во јавност по смртта на татка си, пејачот Шабан Шаулиќ, кој настрада на 17-ти февруари во сообраќајна несреќа.
-Тоа е болка за цел живот и ништо повеќе нема да биде исто. Беше голем човек и остана како легенда. Му благодарам за се и што ни остави песни низ кои засекогаш ќе живее. Иако сум слаба на татко ми, бев стабилна кога тоа се случи. Искрено, не знам од каде наоѓав сила – раскажува Илда во емисијата „Балканска улица“.
Таа се присети и на нивниот последен разговор, само ден пред да почине.
-Тоа беше сабота кога се подготвуваше да тргне за Германија на настап. Јас бев во студио и работев на нова песна. Инаку немав обичај да го известувам дека снимам. Меѓутоа, тој ден баш сакав да му се јавам. Тој одговори и беше супер расположен. Му реков јас:„Ајде вклучи камера, долго не сум те видела“. Фала му на Бога што го фатив барем тој момент да го видам, вели Илда со солзи во очите.