Светски познатиот музичар Стинг беше меѓу првите кој му го честиташе големиот ракометен успех на Вардар.
Тој пред почетокот на концертот во Скопје кој се одржува вечерва, упати честитка за победата на Вардар.
Стинг доби дрес од македонскиот ракометен гигант на кој беше напишано неговото име, а фотографијата од моментот ја објавија организаторите Авалон продукција.
Терминот за концертот на Стинг вечерва беше поместен поради настапот на Вардар и тоа што македонскиот шампион во ракомет игра во финалето од Лигата на шампионите.
Светската ѕвезда Стинг во Скопје го има единствениот стадионски концерт од турнејата низ регионот насловена „My songs“.