Ивана Наскова на македонската јавности позната како радио и ТВ водител на емисијата „На шанк“, стендап забавувач, писателка и автор на книгата „Совршениот странец“… а од пред некое време и како лик од ТВ реклама за еден познат македонски бренд за мебел.
Долгоногата мултиталентирана убавица ја отвори летната сезона, па одморајќи на грчките плажи реши малку да одвои време за себе, да си се посвети себе си и да ужива во животот!
Море, сонце песок, плажа, добра храна… Ивана максимално го користи времето од мугри до зајдисонце. А кога таа ќе се распостеле на плажа правилото е само едно: „Никогаш не свртувај го погледот“… Колку нејзините долги нозе и да ти го задскриваат хоризонтот!
И ако авторката на „Совршениот странец“ и водителка „од шанкот“ до сега покажа интелект за пишување, талент за водење и глума, сега покажа и нешто друго: со каков телесен раскош располага, откако на увид ги стави и своите бујни атрибути.
Долгите нозе како заштитен знак, не се и единствениот од напредните телесните адути.
Можеби нејзе бојата на зајдисонцето и е се’ уште омилена, ама на повеќето мажи сонцето им оди в очи па, наместо да мижат, погледот го спуштат малку подолу, зашто таму има нешто што на прва им паѓа в очи… Оти некому, омилена му е… розовата боја!
А Ивана со песок во косата, морска сол на кожата и сонце високо на небото, ужива во својата слобода, како дете на лулашка!
И среќна е… Затоа што таа така самата одбрала, ама при тоа признава дека е среќна и заради тоа што научила „како да ја совлада уметноста на недавање да ја… F*CK!!!“
Така барем вели самата, додека ги впива првите летни сончеви бакнежи, загледана далеку во бескрајното морско синило.
А, вие изберете самите: „Ќе гледате во хоризонтот или погледот ќе го насочите кон… „двете мачиња“?