Александра Пријовиќ неодамна се породи и стана мајка на своето прво дете, синот Александар.
Пријовиќ ни поради мајчинството не се откажува од ноќниот живот.
Пејачката со сопругот Филип Живојиновиќ пред некоја вечер се појави на настап на Ацо Пејовиќ и лудувала до раните утрински часови.
Папараците на српскиот портал „Курир“ ја фотографирал пејачката на сплавот, а веднаш што влегла во клубот, Прија запалила цигара. Многумина присутни коментирале дека цигарите не ги испуштала од рака.
Иако пред два месеци стана мајка, Александра не се откажува од овој порок.