Во јавноста како бомба одекна веста дека Игор Којиќ, сегашниот сопруг на Сверина, наводно е снимен во Загреб пред куќата на бизнисменот Милан Поповиќ, поранешен партнер на Севе и татко на нејзиното дете.
Според Поповиќ, сопругот на пејачката оставил некој предмет пред влезот на луксузната вила каде Милан престојува кога е во Хрватска. Реагирала и полицијата, а медиумите во регионот пишуваат дека Северина наводно сакала да му наштети на својот поранешен бидејќи се уште трае спорот околу нивниот син.
По овој повод се огласи и Северина, но и Милан. Таа истакна дека се што се пишува е лага и е нарачано од Поповиќ, а дека таа не е виновна за ништо.
Милан пак за Српски Телеграф изјави дека уште се утврдува за што станува збор. Безбедносната камера го забележала ова случување, но дали на снимките навистина е Игор Којиќ се уште не е утврдено.
Инаку, во медиумите осамна наслов дека Северина наводно се обидела да го убие Милан Поповиќ, но таа категорично демантираше за ова и кажа дека нејзиниот поранешен ги нарачува таквите тексотови бидејќи не е задоволен од одлуките на судот.