Бариш Ардуч или попознат како Омер од турската серија „Вљубениот ерген“ и актерката Гупсе Озај се заедно од 2014 година, а по подолго време се видени заедно како излегуваат од ресторан во кој прославувале роденден на заеднички другар.
Двојката е заедно пет години, а иако се пишуваше дека ќе ја официјалнизираат врската со брак, тоа се уште не се случило.
Новинарите ги зачекаа пред излезот на ресторанот, меѓутоа парот не бил расположен за изјава, а бариш само накратко прокоментирал:
„Ќе ве замолам нешто. Само што дознавме за ненадејната смрт на член од начата снимашка екипа. Моментално не сме расположени за давање интервју, ако може да одложиме за следниот пат?“
Имено, член од екпитата на филмот „Гавран“ на кој работи Бариш, загинал во сообраќајна несреќа.