Поранешните сопружници Наташа Беквалац и Данило Икодиновиќ – Дача се најдоа на ист јавен настан во Белград, за прв пат по осум години, колку што поминаа откако се разведени.
Пејачката и поранешниот ватерполист веќе долго време се разделени, секој со својот животм но она што и понатаму ги поврзува е ќерката на Хана, која ја добија во 2007 година, една година откако се венчаа.
Тие се разведоа по пет години брак во 2011 година, по несреќата што Дача доживеа со мотор.
Данило пристигна на отворањето на познатиотресторан со неговата сопруга, одбојкарката Маја Огњеновиќ, додека Наташа пристигна во женска придружба, во црн краток фустан.
Да ве потсетиме, по разводот од Дача, Наташа се мажеше уште два пати – за Љубо Јовановиќ, потоа за Лука Лазукиќ, со кого ја доби ќерката Катја кон крајот на минатата година. Лука беше осуден за физички напад врз неа, а пејачката сè уште не е официјално разведена од него.
Фото: ATA Images