Радио Милева

Тамара Тодевска откри со каков голем страв се соочи во Израел (фото)

Тамара Тодевска откри со каков голем страв се соочи во Израел (фото)

Иако поминаа речиси две недели откако македонскиот евровизиски тим на чело со Тамара Тодевска се врати дома, возбудата не спласнува, особено не кај Тамара.

По многуте дадени интервјуа во домашните и регионалните мредими поврзани со пласманот на „Proud“, годинешното учество на Македонија и доживувањата во Тел Авив, Тамара има уште многу импресии во себе кои сака да ги сподели.

фото:инсатграм/тамаратодевска

Имено, додека беше во Израл, таа имаше можност да разгледа и многу од убавините и знаменитостите на земјата домаќин на Евровизија, а освен тоа што ја имаше можноста да го посети гробот на Исус, Тамара имаше можност за несекојдневна воздушна авантура за која проговори сега.

Странува збор за летање со балон кое им го крена адреналинот на највисоко, а за таквото искуство и доживување напиша дека е горда што се соочила со својот страв од височина.

-Летање со балон на топол воздух за личност која се плаши од височини? Зошто да не? Горда сум! – пишува Тамара за своето соочување во стравот за кој првпат зборува.

To top