Започна периодот на матурите и матурските прослави, а матурантите за оваа прослава се подготвуваат во специјални изданија.
Некои од нив се подготвуваат со месеци, некои пак на оваа вечер гледат како секоја друга, а некои можеби поради одредени причини не заминуваат на матурската.
Еден од нив е и македонскиот пејач Васил Гавранлиев кој во интервју за „Бекстејџ“ отрки дека не присуствувал на матурската забава.
„Дали ми е криво? Да, но таа вечер бев на настап. Дали би одел? Да“ вели Васил.
Инаку, Васил по аудиција во Торонто, во Кралскиот конзерваториум, добил стипендија и остана таму 9 години.
Во емисијата беа пуштени фотографии од пред 15 години.
За потсетување, Васил беше придружен вокал на Тамара Тодевска на Евровизија.