Деновиве српскиот регетон рапер Раста и неговата „реге Балкан банда“ заедно со атрактивното српско фолк мињонче Сандра – „Африка“ издадоа нова песна и провокативно видео за истата насловени: „С.О.С.“!
Видеото е полно со еротски набој, во кој мис „Африка“ пука од сексапил, а својата голотија ја распостила во секој следен кадар на најразличен начин: Од разголена во постела…
…Целосно гола и запенета во када…
…До голо газе и едноделен танга костим за капење на импровизирана плажа.
Видеото очигледно го следи и текстот на песната, чии „валкани“ стихови повикуваат на секс, додека членовите на „бандата“ на Раста отворено „дуваат“, палејќи џоинт!
Марихуана дури и во зениците во вид на леќи во боја на една од танчарките во видеото.
И меѓу сите нив, нашиот „голем брат“, Дарко – Спејко… До душа, како пристоен спортски тип!
Погледнете го видеото и добро простудирајте го најновиот „канабис куплерај“ на белградската естрада.