Хрватската пејачка Северина често знае да се најде на мета на медиумите.
Така, во претходниот период се шпекулираше дека наводно пејачката и нејзиниот сопруг Игор Којиќ ќе посвојат дете.
Меѓутоа, сега Севе ги прокоментира овие пишувања.
„Јас навистина не знам ништо за тоа, јас тоа го нарекувам платени огласи. Таму секој може сешто да каже за вас. Мислам дека тоа не ги интеренсира луѓето. Мислам дека најважни се песните и концертите“ вели пејачката за Ексклузив.
Исто така во медиумите се шпекулираше дека наводно Северина добила понуда од Саша Поповиќ да се појави во „Ѕвездите на Гранд“.