Радио Милева

Љубовницата на поранешниот сопруг на Андреана Чекиќ со отворено писмо се обрати до пејачката

Љубовницата на поранешниот сопруг на Андреана Чекиќ со отворено писмо се обрати до пејачката

Последните неколку денови се шпекулираше дека поранешниот сопруг на Андреана Чекиќ ја изневерувал со пејачката Габриела Пејчев.

Андреана истакна дека е сигурна дека нејзиниот сопруг ја изневерувал, па пејачката Габриела сега се обрати преку отворено писмо.

„Драга колешке Андреана Чекиќ, не знам која е причинита да ме напаѓаш, но ајде да се обидеме да дознаеме.Ако нешто тврдиш и си убедена дека е така, зошто твоите напади не почнаа тогаш кога почна да се сомневаш? Сега одеднаш одлучи дека не треба да трпиш. Наместо да се разведеш, ти се занимваш со мојот живот. Жено, оди држи некоја диета, тренирај, работи нешто (тоа ти е мој пријателски совет)“, напиша Габриела и додаде:
„Од се, Господ ти дал глас бидејќи немаш друго, бидејќи ако имаше ова ќе го решеше на друг начин,не преку новинари. Што е најлошо, многу те почитував како своја колешка. Сега можам да кажам дека не знаеш за колегијалност, а ни за човечност. Те трпам еден месец, не реагирав на твоите обвинувања, но морав“ вели Габриела.

фото: инстаграм

За потсетување, Андреана иако се уште не е официјално разведена е во нова љубовна врска со оженет маж.

To top